January 14, 2021 15:08
Спорт

Роналдо би се вратил во Реал Мадрид

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата во светото, португалскиот ас Кристијано Роналдо сака да се врати во редовите на Реал Мадрид, од каде што во 2018 година се пресели во италјанскиот Јувентус. Оваа сензационална вест ја објави шпанска „Марка“, која добила информација од извори блиски до Португалецот.

Роналдо се раздели со тимот од Мадрид на непријатен начин, откако со речиси сите фудбалери се скара, а не дојде ниту на доделување на „Златната топка“ на Лука Модриќ, па единствен играч со кој остана во контакт е Марсело. Сепак, работите се променија, па така Роналдо во март годинава беше гостин во свечената ложа за време на „Ел Класико“, а потоа бурно го прослави и триумфот на „кралевите“. Шпанскиот медиум тврди дека Јувентус е подготвен да се откаже од Роналдо поради неговата плата која изнесува 31 милион евра. Од Мадрид молчат и ја следат ситуацијата.