August 14, 2022 20:30
Спорт

Роналдо би можел да стане нов капитен на Манчестер јунајтед

Португалскиот фудбалски интернационалец Кристијано Роналдо би можел да ја преземе капитенската лента од Хари Мегваер во тимот на анлискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, пишува „Мирор”.

Според британскиот весник, Португалецот може да го замени Англичанецот, бидејќи Мегваер беше постојано критикуван во текот на изминатата сезона. Наскоро, главниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе разговара со Роналдо за неговата иднина во клубот и потоа, можеби, ќе му понуди да стане капитен.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед на крајот на август 2021 година.

Во сезоната 2021/22 петкратниот освојувач на „Златната топка”, постигна 24 гола и три асистенции на 38 натпревари за тимот во сите натпреварувања.