October 15, 2019 23:52
Свет

Романската специјална обвинителка Ковеси ќе гони криминал во ЕУ

Романската обвинителка за борба против корупција Лаура Кодрута Ковеси речиси сигурнo ќе стане првата обвинителка на ниво на ЕУ и покрај противењето на романската влада.

Повеќето амбасадори на ЕУ гласаа за неа на неформално тајно гласање, изјави Марко Руонала, портпарол на Финска, земја која моментно претседава со ЕУ, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Земјите членки на ЕУ претходно го поддржаа францускиот кандидат Жан Франсоа Бонар, предизвикувајќи критики кои дојдоа од повеќе формални групи.

Советот на ЕУ ќе одржи официјално гласање во наредните недели.

Ковеси веќе ја обезбеди поддршката на Европскиот парламент за позиција во Европското јавно обвинителство. Како ЕУ обвинителка таа ќе биде задолжена да ги гони злоупотребите на европските фондови во земјите членки.

Нови вести

Лекари без граници се повлекуваат од Сирија

Igor

ЕУ: Ирското Море ќе биде граница после Брегзит

Igor

Протест на Каталонците во Брисел, протестираше и Пучдемон

Igor