October 26, 2020 16:13
Спорт

“Ролан Гарос“ од трибините дневно ќе можат да го следат само по 1.000 гледачи

Тенискиот гренд-слем турнир „Ролан Гарос“ во Париз кој почнува в недела со натпреаврите од 1. коло ќе можат да го следат од трибините само по максимални 1.000 гледачи. Оваа одлука на здравствените власти во Франција поради пандемијата од коронавирусот ги разочара организаторите на турнирот, каде прв носител во машка конкуренција е Новак Ѓоковиќ, а рекордерот со 12 освоени титули на земјента подлога во Париз, Рафаел Надал е вториот фаворит за одбрана титулата.

Во женска конкуренција Симона Халеп е првата фаворитка, откако Ечли Барти се откажа и нема да ја брани титулата освоена на ланското издание. Втора носителка е Каролина Плишкова.