April 6, 2020 23:10
Спорт

Розберг гледа три опции пред Хамилтон

– Нико Розберг е практично единствениот противник на Луис Хамилтон кој го победи во битката за шампионската титула во Формула 1.

Германскиот пилот направи натчовечки напори, за да го постигне овој триумф, по што избра да замине во пензија. Никој не го познава Луис подобро од Нико, но тој не се ангажира да претпостави што ќе направи шесткратниот светски шампион следно.

– Можеби Луис ќе замине на одмор во Колорадо или во Мерцедес или Ферари. Според мене, ова се трите опции. Тешко ми е да се поставам на негово место. Тој постигна толку многу успеси и прави многу други работи. Дали ќе остане во спортот зависи од перформансите на автомобилот што го има. Оваа година, Хамилтон би можел да испадне најголем од сите времиња ако може да го достигне рекордот на Шумахер, кој го очекуваше тоа? Имав среќа да се натпреварувам со обајцата, но не можам да ги споредам. Михаел се трудешемногу, додека Луис вложува многу страст. Тие се исклучителни, изјави Германецот.

Луис Хамилтон, од своја страна, даде коментар во кој сугерираше дека тешко дека ќе сака да го напушти Мерцедес: „Во 2021 не очекувам да има промени во топ тимовите. Јас навикнав со тоа, што ми е познато. Не знам какви се намерите на Себ”.