June 23, 2021 06:52
Магазин

Родригез изненаден од веста за Џеј Ло и Бен Афлек

Алекс Родригез бил „шокиран“ од повторното обединување на Џенифер Лопез и Бен Афлек.

Бен и Џенифер неодамна беа видени на романтично бегство во луксузен скијачки резорт во Монтана на ексклузивни фотографии добиени од „Дејли мејл“.

Поранешниот свршеник на Џеј Ло, Алекс Родригез, се чини дека е прилично изненаден од повторната дружба на некогашниот холивудски пар, познат како „Бенифер“, по пауза од 17 години.

Таблоидите цитираат извори блиски до 45-годишниот бејзбол ветеран на „Њујорк Јенкис“ дека се натажил кога прочитал дека Бен и Џенифер минувале време заедно во последните неколку недели, само еден месец откако тој и Џенифер ја прекинаа веридбата.

Извор близок до Родригез изјави за Е! News во понеделникот: „Алекс е изненаден, тој воопшто не очекуваше дека Џеј Ло ќе продолжи по свој пат.“

„Тој мислеше дека ќе ги надминат несогласувањата и ќе бидат повторно заедно. Беше убеден дека нивната врска ќе успее.“

AniWatch free anime: Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! (https://aniwatch.pro/m/gqAN) Episode 3

AnimeDao go go go anime: Kaguya-sama: Love is War Season 2 Episode 12