December 1, 2021 14:00
Скопје

Роденденска крводарителна акција во Карпош

В четврток, на 28 октомври, Општина Карпош ќе ја организира, традиционалната крводарителна акција која се организира во пресрет на Денот на Општината – 3 Ноември.          Граѓаните од Карпош, но и од други општини од градот, кои се традиционални дарители или сакаат да даваат крв, тоа ќе може да го сторат во четврток од 9 до 17 часот, во Спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“.

Оваа акција на доброволно дарување крв локалната самоуправа ја организира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст при Општина Карпош.                         

Организаторот на оваа хуманитарна акција ги потсетуваат сите граѓани – потенцијални дарители дека е задолжително да се почитуваат заштитните мерки пропишани за  Ковид-19, што значи почитување на протоколите пропишани од Комисијата за  заразни болести и Министерството за здравство..