December 10, 2022 05:53
Свет

Рогов: Зеленски е предавник и странски шпион

Членот на Главниот административен совет на регионот Запорожје, Владимир Рогов, изјави дека против претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба да се покрене кривична постапка за предавство. Зеленски ги изневери државните интереси на Украина, предавајќи ја контролата врз земјата на надворешни сили, особено на Америка и на Британија“. Против Зеленски и неговите соучесници одамна требаше да се отвори кривична постапка за предавство“, изјави Рогов, пренесува Танјуг.

Според него, Зеленски е всушност „странски шпион“.