April 6, 2020 04:05
Свет

Робeрт Абела е новиoт премиер на Малта

Правникот и пратеник во малтешкиот Парламент – Роберт Абела е избран за нов премиер на Малта, пренесоа француските медиуми.

Абела (42) е избран за лидер на владеачката Лабуристичка партија, што автоматски му го обезбеди и премиерското столче во земјата. Новиот премиер е син на поранешниот претседател на земјата Џорџ Абела, кој на оваа функција беше од 2009 до 2014 година.

На 1  декември досегашниот малтешки премиер, Џозеф Мускат, изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата во владата и на лидерската позиција во Лабуристичката партија. Таа одлука тој ја соопшти на одгласите и под притисокот на јавноста за скандалот околу истрагата за смртта на истражувачката новинарка Дафне Карина Галиција.