April 8, 2020 13:51
Магазин

Роберт де Ниро: Ве молам, седете дома за да ги заштитиме луѓето кои ги сакаме

Познатиот актер Роберт Де Ниро реши да даде соопштение за непредвидливата состојба што го зафати целиот свет.

Со видео-пораката ја воодушеви публиката и никој не остана рамнодушен на неговите зборови.

“Здраво, овде е Роберт де Ниро. Сите ние треба да останеме дома. Мораме да го спречиме ширењето на овој вирус и тоа можеме да го направиме само заедно. Не само да се заштитиме себеси, туку да ги заштитиме другите и сите постари луѓе што ги сакате. Ве молам. Ве набљудувам “.