December 1, 2021 16:48
Спорт

Роберто Карлос може да седне во селекторската фотелја на Косово

Фудбалската репрезентација на Косово остана без селектор откако по октомвриските мундијалски квалифиакциски натпреаври се раздели со Швајцарецот Бернард Шаланд. Раководството на Фудбалската федерација на Косово во потрагата по нов селектор стапило во контакт со бразилскиот фудбалски ас Роберто Карлос, кој нема големо искуство како тренер.

Во косовските медиуми се наведува дека преговорите се во тек, меѓутоа навивачи на Косово  не  се воодушевени од овој потег на раководството затоа што сметаат дека Карлос без разлика што е големо фудбалско име, нема искуство да биде селектор. Карлос својата фудбалска слава ја стекна како играч на Реал Мадрид за кого одигра 370 натпревари и постигна 47 голови.