February 16, 2019 17:04
Ракомет

РК Бутел го доби заслужениот пехар, идната сезона игра во Суперлигата

РК Бутел го доби заслужениот пехар, идната сезона игра во Суперлигата

Тимот на Бутел Скопје уште минатиот викенд го потврди пласманот во Суперлигата, а на домашниот натпревар против Партизан Гевгелија, славеше со убедливи 51-27 и ги доби заслужените медали и пехарот од страна на Ракометната федерација на Македонија.

Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски му го додели пехарот на капитенот Горан Печенковски и нему и на соиграчите им посака добредојде во елитното ракометно друштво во Македонија. Амбициозниот проект, догодина се очекува да игра важна улога во Суперлигата и да се бори за пласман во плеј-офот.

На едно коло до крајот на Првата лига, Бутел има 24 победи и само еден пораз, а последниот меч против Спартак ќе биде ревијален.

Related posts

Вардар не му даде шанса на Рајн-Некар Левен!

24info

Ракометарите на Вардар во сабота ќе играат против Киелце за преземање на второ место во група

24info

Ракометарите поразени од Грција

24news