October 19, 2021 03:35
Магазин

Ријана ја продава вилата во Беверли Хилс – фасцинантен ентериер, но на милијардерката нешто ѝ пречи

Американскиот пазар на недвижности ја прошири својата понуда за уште една импресивна вила, сопственост на пејачката Ријана, која одлучи да ја продаде за неверојатни 7,8 милиони долари.

Вилата што ја купи во 2017 година за 6,8 милиони долари се простира на површина над 660 квадратни метри со пространа градина и базен, а се наоѓа во Беверли Хилс.

Сепак, модерно уредената вила која зрачи со луксуз и удобност, се чини дека не е најсреќното решение за милијардерката. Имено, откако ја купи, вилата двапати беше цел на провалници, по што пејачката ја издаде во 2018 година за 35.000 долари месечно.

Вилата е изградена во 2015 година во современ стил со традиционални калифорниски детали – изложени дрвени греди и сводови.

Луксузниот изглед во бањата и кујната е постигнат со користење на скапи материјали на кои очигледно не се штедело.

Главната куќа има шест соби и осум бањи. Главниот апартман на горниот кат вклучува дел за одморање и камин.

Новиот сопственик ќе го дочекаат и објекти за забава, па освен што ќе ужива во гледање филм во мини киносала, ќе може да поминува време и на билијард или да вежба во теретана. Потоа, ќе може да се освежи во инфинити-базен.

Ако успее да ја продаде оваа вила до крајот на годината, за Ријана тоа ќе биде нејзин трет договор за недвижности во Беверли Хилс склучен во 2021 година. Во март оваа година, таа купи вила вредна 13,8 милиони долари, а во април регистрираше вила на истата улица за 10 милиони долари.

AnimeDao: Popotan anime episode 12 online free at https://animedao.nl animedao boku no hero

Website https://animeflv.uk: Watch Case Closed The Movie: The Time Bombed Skyscraper animeflv Episode Full english dubbed anime

Watch anime online for free at AnimeFreak kiss x sis animefreak

Nobunaga Concerto (https://animeheaven.pro/m/mpP) Episode 10

Tldrlegal: https://tldrlegal.com/users/animeflixnl

Mapleprimes: https://www.mapleprimes.com/users/gogoanimelol