April 8, 2020 11:09
Магазин

Ријана донираше 5 милиони долари за борба против коронавирусот

Светски позната 32-годишна пејачка Ријана донираше 5 милиони долари преку својата фондација “Clara Lionel” за борба против коронавирусот.

Фондацијата го носи името на нејзините баба и дедо. Ријана одлучила да поддржи неколку организации на кои им е потребна помош.

“Одговоривме на Ковид-19 со дистрибуција на 5 милиони долари за хуманитарните организации “Direct Relief”, “Feeding America”, “International Rescue Committee”, “WHO”, “Partners In Health” и Барбадос за опремување на заедниците со заштитна опрема, медицински потрепштини и храна во повеќе региони”, објавила фондацијата на Ријана.

https://www.instagram.com/p/B9_yNbUpDsq/?utm_source=ig_web_copy_link