August 22, 2019 07:13
Магазин

Ричард Гир ги посети мигрантите на „Опен армс“ на Медитеранот

Холивудскиот актер Ричард Гир ги посети мигрантите кои повеќе од една недела се заглавени на Медитеранот на бродот управуван од шпанска хуманитарна група.

На бродот „Опен армс“ има 121 мигрант, а познатиот актер им обезбеди храна и други резерви.

Гир (69) на бродот донел кутии со овошја и разговарал со неколку мигранти кои избегале од Либија.

Славниот актер го повика светот да им даде поддршка и да им помогне на луѓето на бродот, нарекувајќи ги „браќа и сестри“.

Гир е познат по својата хуманитарна работа и учествува во кампањи за заштита на животната средина.

Нови вести

Џастин Бибер снимен со акни на лицето

zane

Амал и Џорџ Клуни повторно очекуваат близнаци

zane

„Спајсицата” Гери Халивел на одмор во Дубровник

zane