September 23, 2019 07:24
Спорт

Рибери: Благословен сум што сум во Фиорентина

Новото засилување на Фиорентина, Франк Рибери ја даде својата прва изјава пред навивачите откако го потпиша неговиот договор. Францускиот ветеран ги искористи социјалните мрежи за да го изрази своето огромно задоволство од договорот.

По 12 сезони, исполнети со слава и трофеи во Баерн Минхен, 36-годишниот докажан борец тргнува кон друга авантура на највисоко ниво. Неговиот договор со „виолетовите” ќе биде со мандат од 2 години, а веднаш штом ќе пристигне, го доби бројот 7, кој останува засекогаш во срцата на сите навивачи на Баерн.

„Здраво, Фиорентина. Започнува ново поглавје за мене и моето семејство. Се чувствувам благословено што потпишав нов договор во голем клуб и голем град. Со нетрпение ја очекувам иднината со моите нови соиграчи и сите фантастични навивачи тука”, напиша Французинот на Твитер.

Нови вести

Вардар победник, Дибиров со критика до публиката

Filip

Солскјер: Во клучните моменти, сè се сврте против Манчестер јунајтед

Filip

Италија последен четвртфиналист на ЕП во одбојка

Filip