August 15, 2022 17:15
Спорт

Рељиќ се закити со бронза на меѓународен турнир во Загреб

Милијана Рељиќ освои бронзен медал на меѓународниот турнир во Таекводно, 26ти Кроација Г2 Опен во Загреб. По неколкуте 1/4 финалиња на претходните турнири во Белгија, Шведска, Албанија, Австрија и Бугарија на силните Г2 турнири организирани од Европската Таеквондо Федерација каде се собираат поени за светската и олимписката ранг листа, нашата Милијана Рељиќ конечно стигна и до подиумот. Во конкуренција од 25 натпреварувачки во нејзината категорија сениорки -62кг Мила со две победи над претставничките од Србија и Хрватска, стигна до полуфиналето каде бевме тесно поразени од минатогодишната европска шампионка Бруна Вулетиќ.
На турнирот во Загреб учествуваа натпреварувачи од повеќе од 70 земји, меѓу кои и од Канада, Бразил, Аргентина, Австралија, Јапонија, Мали, Израел и речиси сите европски земји. Одличната форма на Милијана резултираше со овој огромен успех, имено пред неполн месец на отвореното првенство во Австрија, малку недостигапе, Милијана да ја победеше бронзената од Олимпијадата минатата година од Токио, Ло Чиа Линг од Тајпеј.
Во мај месец не и беше одобрена британска виза за учество на Европско Сениорско Првенство во Манчестер, Англија, каде се надеваше на нов успех. Милијана е моментално во први 40 на светската таеквондо ранг листа за сениорки -62 кг во конкуренциија на 450 професионални таеквондостки. Нејзиниот тренер Александар Ефтимов, верува дека можат да направат уште поголеми успеси и да донесат уште повеќе медали од големите меѓународни натпревари.

sunwin

tải sunwin

tải sunwin

sunwin sunwin club sunwin apk

sunwin club tải sunwin sunwin tài xỉu