November 27, 2020 18:43
Македонија

Речиси 30 отсто од тестираните позитивни, Аеродром со 150 заболени повеќе од Карпош

Најновите податоци што вечерва ги објави Министерството за здравство покажуваат дека Скопје останува град со најголем број на активни случаи на Ковид-19 од кои најмногу има во Аеродром, Карпош и Центар.

Во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје-27, па сега главниот град има 3562 активни случаи.

Во Аеродром се регистрирани 699 активни случаи, во Карпош 547 и во Центар 519. Потоа следуваат Гази Баба со 450 и Кисела Вода со 417 активни случаи. Трицифрени бројки на активни случаи има и во Ѓорче Петров – 286, чаир -166 и Бутел -152. Во останатите скопски општини е помал бројот на активни случаи.