September 15, 2019 08:13
Балкан

Речиси 15.000 луѓе го слават Денот на младоста во Кумровец

 На прославата на Денот на младоста, која 15-ти пат по ред се одржува во Кумровец, родното место на Јосип Броз Тито, оваа година имаше повеќе луѓе отколку кога било досега. Според проценката на организаторите, на одбележувањето дошле 15.000 луѓе, додека во претходните години имало најмногу 10.000.

Како и во изминатите години, така и на оваа прослава, беше забрането да се вее исклучиво југословено знаме и да се носи униформа на ЈНА, додека сите други комунистички симболи, слободно можеа да се истакнат.

Сепак, неколку присутни носеа и знамиња на Југославија. Собирот помина без инциденти, а организаторите веруваат дека така ќе биде до крајот на денот.

Посетителите дојдоа од сите делови на Хрватска, но исто така и од Словенија и БиХ. Од изутринава пред куќата на Тито, се слушаа партизански и југословенски песни, а низ Кумровец, како и во претходните години, се прошета актер во униформа на маршалот, кој пушеше цигари и позираше како другарот Тито.

Во Кумровец денеска дојдоа и претставници на антифашистичките здруженија од сите земји на поранешна Југославија, но бројот на преживеани членови на Народноослободителната борба, од година во година се намалува.

Нови вести

Пацоли: Поделбата на Косово е само во соништата на Кремљ и Белград

zane

И Демократската партија (ДС) одлучи да ги бојкотира изборите во Србија

zane

Мета: Да ме послушаа Баша и Рама земјата ќе беше многу подобра

zane