October 26, 2021 20:59
Балкан

Речиси еден од четири нови случаи на Ковид-19 во Грција се кај деца на возраст од четири до 18 години

Во периодот од 13 до 19 септември, 24 отсто од новозаразените со Ковид-19 во Грција, односно 3.559 случаи се кај деца на возраст од четири до 18 години, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје. Станува збор за првата седмица од отворањето на училиштата во земјата, а еднаш неделно ќе се објавуваат податоци за ситуацијата со коронавирусот кај учениците.

Во Солун веќе се затворени две паралелки во основно училиште, откако биле потврдени над 20 случаи на Ковид-19 во двете одделенија.

Учебната година во Грција започна на 13 септември, учениците следат редовна настава со физичко присуство, а задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација (за учениците над 12 години) или потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично (секој вторник и петок).

Наставата со физичко присуство ќе се прекине само доколку во едно одделение или клас има 50 отсто плус еден позитивен случај од вкупниот број ученици.

Watch Chance Triangle Session Episode 13

Terra Formars: Earth-hen Episode 2

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD

BanG Dream! Film Live (https://animetv.cc/m/xZ2P) Episode Full

Forum feed-the-beast: https://forum.feed-the-beast.com/members/animefreakws.488024/#about

Pbase: https://pbase.com/kissanimemx/profile