March 7, 2021 18:14
Македонија

Рецесија, инфлација, галопирачки раст на јавниот долг, неспособна, коруптивна и криминална Влада – економска катастрофа!

Кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 ја изнесе на површина тоталната неспособност на оваа Влада да ја води државата. Имаме од старт фијаско во борбата со заразата, а сега имаме фијаско со вакцинацијата. Имаме фијаско во реализација на пакетите на економски мерки кои требаа да ги ублажат негативните влијанија од кризата. Сето ова ќе резултира со подлабока рецесија во 2020 година, од онаа што ја планираа, и послаб раст на економијата во 2021 година. Неизвесноста со вакцинацијата, бавното темпо на реакција на властите ја кочи ефикасната имунизација на населението и не создава услови за враќање на економијата во некаква нормала.

Околу пакетите на мерки:

  • Помпезно најавуваа 1 милијарда евра мерки во претходните четири пакети, а реализираа само 350 милиони евра или само 35% од она што го ветија на претпријатијата и населението.
  • Најавуваат сега 160 милиони евра со петтиот пакет на мерки, но прашање е колку вистински ќе реализираат.
  • Донесоа пет пакети на мерки. Лидери сме во квантитет на пакети на мерки, но последни во вредност на реализација. Квантитетот на пакети е гол ПР и не говори за квалитетот и за реализацијата.
  • ПР-от за 1 милијарда е веќе издишан балон, зошто да беше така, немаше претпријатијата да бараат во континуитет помош.
  • Во секој нареден пакет, ги повторуваа некои мерки – зошто со претходните не ги реализираа. И сега е така. Некои од мерките се стари, претходно не реализирани.

Околу суштината на некои мерки:

  1. Субвенции на фирмите за плати на вработените. Оваа мерка, ние како опозиција од старт ја предлагавме и ја поддржавме откако ја воведоа. Но, укажувавме дека треба да има континуитет, дека треба да биде на сила во подолг временски период, а не инцидентно и непредвидливо како што ја даваат. Воедно, оваа мерка има системски недостаток, којшто не го отстранија. Не требаа да дозволат да се повтори злоупотребата на оваа мерка, односно и по втор пат да сме сведоци дека голем број на фирми ја земале помошта, а не ги исплатиле платите на вработените. Дали ова покажува на недисциплина, дали ова покажува не-есапење на државата? Дали ова покажува дека државните институции не се спремни со сите механизми да се борат против злоупотреби? И што ќе биде после март 2021 година, кога пак се дисконтинуира оваа мерката? Шести, седми… десетти пакет, ребаланс 1, 2 итн. Никаква подолгорочна визија ни стратегија, за што укажуваме дека треба да се има уште при носењето на ребаланс 1 за 2020 година и сега за буџетот за 2021 година.
  2. Помагаат едни фирми, на други им должат. Зошто не се раздолжи државата кон приватниот сектор? Зошто има доспеани, а неплатени обврски? Зошто не ги исплати обврските кон приватниот сектор за набавки на стоки и услуги, за спроведените тендери? Така ќе помогне на фирмите, наместо да создава дополнителни проблеми во ликвидноста. Државата, општините и јавите претпријатија должат вкупно 122 милиони евра на домашниот приватен сектор на крај на 2020 година! Овие неплатени обврски имаат потенцијал да растат, како што растат и неисплатените обврски помеѓу самите институции од јавниот сектор. Но, дали е ова целиот долг? Вкупниот број на субјекти кои пријавиле обврски се намалува во континуитет. На крајот од 2020 година само 891 субјект од јавен сектор пријавиле обврски, додека тој број во септември 2018 година изнесува 1269 (а треба да се вкупно 1324). Дали на повидок е криење на обврски и кумулирање на доспеани, а неисплатени обврски на јавниот кон приватниот сектор?
  3. Отпис на долгови на населението (за комунални услуги, не за струја). Вредноста на оваа мерка не е оценета во петтиот пакет на мерки, како и за некои други мерки. Но, што е суштината – да се помогне на населението. На населението на кое банките му пресметаа вкупно 34 милиони евра дополнителни камати во периодот од април-септември 2020 година за одлагање на обврските. Зошто? Зошто немаше мораториум на обврски како што баравме, туку се остави на банките да пресметуваат камати. Ова е дополнителен финансиски товар за населението, коешто по избори го дочека и поскапување на струјата. И тука, оваа Влада е виновна за поскапување на животот. Во јануари имаме годишна инфлација од 1,9%, во најголем дел заради растот на цената на струјата, којашто се пренесува низ сите цени во економијата. Во последната анкета во јануари 2021 година деловните субјекти од преработувачката индустрија кажаа дека очекуваат во наредниот период зголемување на продажните цени на финалните производи. Мерки за помош на населението нула.
  4. Помош за тутунарите. Откако дозволија увоз на тутун и го уништија откупот на домашното производство, даваат мала помош. Во последниот квартал на 2020 година обемот на производство на тутунски производи има висок пад од 52% во однос на истиот период лани. Зар вака се води долгорочна стратегија за развој на домашно производство?

Значи никаква економска политика. Никаква обмисленост на мерки. Ваму давај, таму земај! На нето – помошта за населението и фирмите е НУЛА, или можеби е и во негатива.

Инфлација, галопирачки раст на јавниот долг (за дополнителни 959 милиони евра), историски висок буџетски дефицит (8,1% од БДП), историски ниски капитални инвестиции на државата (само 6,6% од вкупни расходи), помош на економијата од само 350 милиони евра, при толкав раст на долг! Со еден збор – колапс на економските политики.

 

One Piece (Dub) Episode 680 at KissAnime death note kissanime

Noblesse (https://funimationfree.com/m/5Ql6) Episode 13 at website https://funimationfree.com. See more funimation fruits basket