September 25, 2020 17:02
Магазин Македонија

(Репортажа): Магијата на Водопадите на Бабуна- доаѓате еднаш, сигурно ќе се враќате до крајот на животот

Малкумина од нас знаат дека реката Бабуна поседува еден од најубавите водопади во земјава. Сместена во срцето на планината Јакупица водопадот на реката Бабуна е едно од најубавите места во областа Азот. Ако сте подготвени за едно ново доживување, репортерите на 24 инфо ве водат во една виртуелна тура по пат до водопадите пеш повеќе од час и половина.

Но ако сте подготвени за лично да го посетите водопадот, тогаш побрзајте, зошто патеката може да се изоди само од средината на април до средината на октомври. Останатите месеци е потполно небезбедна бидејќи има снег и дожд кој ја прават непристапна. До водопадот се стигнува преку Нежилово.

Кога ќе стигнете во селото сите мештани ќе ви го покажат патот кон планинарскот дом Чеплес. До таму имате пет километри земјен пат макадам и не е препорачливо да го минувате со автомобил, освен ако не сте дојдени со теренско возило или сте подготвени за одење пеш.

На местото каде што треба да се скршне кон шумата, има поставена табла со податоци за водопадот и изворите.

Според таблата, патот до водопадите е долг 1,3 километри, но лично мислиме дека има повеќе. При исклучување од патот, се навлегува во длабока рајска шума и движењето низ неа освен што е магично, треба да биде претпазливо. Според информациите на информативните табли патеката е лесна, но кога ке почнете да ја одите е далеку од тоа.

Шумската патека по која се движите кон водопадите, бара максимално внимание. Посебно последниот дел кој што е стрмен и лизгав. Оттука, патеката е препорачлива да се оди само на лето, но добро е и да е суво.

За цело време додека одевме низ шумата го слушавме жуборот и течењето на Бабуна. Иако е многу тешко стрмно и напорно околината ви дава некоја посебна енергиј. Вековните буки и дабови ве прегрнуват во своите крошни и многу полесно оди пешачењето. Таква зелена боја како што создава водопадот на Бабуна, нема на ниту едно друго место. Таа боја се пресликува од околината и се создава еден совршен спој и хармонија на природата.

Енергијата која ја поседува местото, само може да ви ги прочисти умот и енергијата и се што е негативно да однесе пред себе. Температурта на водата сред лето е пониска од 10 степени и покрај водопадите не може да се стои ако не сте соодветно облечени. Глетката остава без здив и бара максимално внимание за да ја доживеете. Ако се уште имате енергија за одење може да ги посетите и трите извори на реката, но ние то го оставивме за следен пат.

Бидејќи како што велат мештаните ако еднаш дојдете, сигурно ќе доаѓате секоја година бидејќи Бабуна има магнетска привлечност. Ако сте мераклии за печурки вргањ овде ги им во изобилство и им капитални примероци.

До изворите на Бабуна пред една година е направена пешачка патека. Финансирана е од Швајцарската агенција за развој и соработка и од Министерството за локална самоуправа, а средствата во висина од 2,4 милиони денари се обезбедени преку проект на Вардарски плански регион.

Со изведбата на пешачката патека до изворите на реката Бабуна во подножјето на планината Јакупица,  се поврзани мотел-рибникот „Нежилово“ и планинарскиот дом „Чеплес“, како и четири бачила на индивидуниални земјоделци и манастирските комплекси Богомила, Согле и Ореше.

(В.А.)

Поврзани вести

Починаа 9 лица, регистрирани се 143 новозаразени

Igor

Огнен Неделковски: Кога син ми ќе направи песна што не ми се допаѓа му велам дека јас сум само обичен текстописец

Valentina

Шема директор на ПИОМ, Колемишевски на Пошта

Filip