October 20, 2020 03:15
Спорт

Ренова го заврши настапот во квлаификациите за Лигата на Европа

Екипата на Ренова денска го заврши својот настап во второто квалификациско за пласман во Лигата на Европа, откако доживеа пораз во Тетово со минимални 0:1 од Хајдук Сплит.

Мијо Чакташ го постигна единствениот гол на натпреварот уште на самиот старт по центаршутот на Жаиро.

Тетовци имаа свои шанси, но не ги искористија и се простуваат од евротурнирите за оваа сезона.

Хајдук во третото коло ќе игра со победникот од дуелот меѓу Нефчи и Галатасарај.