October 15, 2019 21:09
Македонија

Ременски бара повлекување на текстовите за записникот за „Рекет“, во спротивно ќе се приклучи кон тужбата

Пратеничката Фросина Ременски денеска побара повлекување на медиумските написи за записникот за „Рекет“, а во спротивно најави дека ќе се приклучи кон тужбата што денеска ја најавија и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Ременски во статус на „Фејсбук“ наведе дека  ничие право не смее да загрози право на друг, а тоа се границите на сите слободи и права на граѓаните.

„Медиумите како придобива на демократијата имаат и право и обврска да известуваат за сите прашања од јавен интерес и за случаи на криминал и корупција, почитувајќи ги начелата на новинарската етика кои вклучуваат објективно известување, проверка на веродостојноста на информациите и забрана за злоупотреба на средствата за јавно информирање за лажно обвинување за корупција.

На интернет порталот Инфомакс на 23.08 беше објавен документ (записник) од исказ на лице за кривично-правен настан кој е предмет на актуелнсa истрага во ОЈО за организиран криминал и корупција. Селективното презентирање на содржината од објавениот записник со манипулирање и насочување кон заклучоци и новинарски интерпретации за некаква моја вмешаност и вмешаност на мојот сопруг во случајот Рекет, ги ценам како груби клевети и невистини. Овој текст продуцираше написи и наслови во други портали со иста содржина.

Обвинителството ги има на располагање сите права и обврски да ја утврди точноста на сите дејствија за сите спомнати во записникот. Медиумскиот суд не може да биде замена за институционално постапување.

Со оглед на фактот дека, лицитирањето со вината и манипулирањето со ширење на дезинформации и клевети за мене и за мојот сопруг ги сметам за напад врз мојата чест и углед, што повлекува и чувство за загрозување на мојата безбедност, ќе ги преземам сите законски дозволени средства за заштита.

Барам новинарот кој е автор на текстот во порталот Инфомакс и порталот Република кој објави клеветнички наслов да го повлечат веднаш и да се извинат во спротивно се приклучуваме кон заедничката тужба за клевета од премиерот Зоран Заев и други.

Еден од важните начела на правната држава е трагањето по вистината и одбрана на вистината, преку демократски правни средства по институционален пат“, вели Ременски во статусот на социјалната мрежа.

Нови вести

Царовска: Регионот  треба да размислува за заедничка социјална платформа која ќе донесе благосостојба за сите

Igor

Евротинк: Се намалува поддршката за европските интеграции

Igor

Хан: Им се извинувам на граѓаните на Северна Македонија и на Албанија

Igor