November 28, 2020 23:01
Балкан

Рекорд во Бугарија – повеќе од 1.000 новозаболени и 18 починати од коронавирус

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 1.024 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен број од почетокот на епидемијата. Во изминатиот ден биле тестирани 4.406 лица, а починале 18 лица.

Денешниот биланс е за 629 нови случаи повисок од претходниот ден, пренесува БТА.

Најголем број на новозаболени има во Софија, 292.

Бугарија се соочува со недостиг на медицински персонал, со моментално заразени 1.622 лекари.

Во таа земја, од почетокот на епидемијата се заразени 30.527 лица, од кои 1.008 починале.