October 25, 2020 09:49
Свет

Рекордни 1.747 новозаразени во Австрија

Во Австрија се регистрирани рекордни 1.747 новозаразени со коронавирусот, и иако се работи за корегирани податоци, ваква бројка немаше ниту на врвот на првиот бран од епидемијата во земјата.

Според првите податоци на надлежните органи, имало 2.317 нови случаи.

Причината за исправката е што бројките во ЕМС системот не биле „исчистени” од дупли пројави.