January 15, 2021 15:31
Свет

Рекорден раст на новозаразени со коронавирус во Јапонија

Јапонското Министерство за здравство денеска потврди дека во последните 24 часа во земјата од коронавирус се инфицирале уште 2.530 лица, што е најголем дневен биланс на новозаболени лица од почетокот на пандемијата во оваа земја.

Рекорден е и бројот на умрени во еден ден – 23 пациенти не ја издржаа борбата со Ковид-19, јави Си-Ен-Ен.

Од почетокот на пандемијата во оваа земја се потврдени вкупно 142.789 случаи на Ковид-19 и 2.087 смртни случаи.

Досега од болеста заздравеле 116.778 пациенти, а 453 се уште се наоѓаат во критична состојба.

Ситуацијата е особено тешко во главниот град Токио, каде во последните 24 часа се регистрирани рекордни 570 нови случаи, или вкупно 39.649 од почетокот на пандемијата и 488 смртни случаи.