December 3, 2022 09:14
Скопје

Реконструкција на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид на почетокот на градежните работи за изградба и реконструкција на бул.Митрополит Теодосиј Гологанов 

– Градот Скопје отпочнува со изградба и реконструкција на бул.Митрополит Теодосиј Гологанов од раскрсница со бул. Св.Климент Охридски до кружниот тек со раскрсница улицата М.Х.Јасмин. Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4500 м2, нови рабници, градежни работи на нова фекална канализација Ф600 мм, изведба на нова водоводна мрежа, ново улично осветлување со лед светилки со контролери. -истакна денес на прес конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска

Со реконструкцијата се овозможува сообраќајница со нови пешачки патеки и велосипедски патеки и дополнителни велосипедски ленти на коловоз.

-Реконструкцијата на оваа улица ги решава секојдневни проблеми на граѓаните од овој дел на општината Центар, а ние посветено работиме во нивен интерес. Рокот на изведба е 5 месеци, а Градот Скопје за реконструкција на булеварот М.Т. Гологанов вложува 43 милиони денари. Со овој проект се решава еден голем проблем за жителите кои редовно транзитираат на овој дел на центарот на градот и дополнително се зголемува безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот. – изјави Арсовска.