Култура

„Реквием“ на Верди на сцената на Македонската филхармонија

На 25 април, овој четврток, во 20 часот Филхармонијата заедно со Хорот на oперата и врвните солисти – Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Елени Матос (мецосопран-САД), Дејвид Јунгхон Ким (тенор-Кореја) и Милан Силјанов (бас-баритон), под диригентство на маестро Емил Табаков (Бугарија), ќе го изведат едно од најмоќните дела во историјата на музиката – „Реквием“ од Џузепе Верди.

Концертот „Вердиевиот реквием“ ќе донесе музичка возбуда, а ремек-делото на Верди на нашата сцена ќе биде изведено по подолга пауза.

„Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди се смета за едно од најмоќните, најдраматичните дела во историјата на класичната музика. Оваа творба претставува прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло-мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растоваруваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на двајца славни италијански уметници – писателот Алесандро Манцони и композиторот Џоакино Росини.

„Само гениј би можел да напише вакво дело“, изјавил композиторот Јоханес Брамс, а критиката ќе напише дека „Реквием“ на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена…

Нови вести

„Скопје лајт арт дистрикт“ од 29 мај до 1 јуни

Igor

Басара и Попов ги примија наградите „Прозарт“

Igor

Венко Андоновски на Саемот на книгата во Санкт Петербург

Igor