November 29, 2022 06:13
Свет

Резников: Наскоро добри вести

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников на социјалните мрежи напиша дека „наскоро ќе објави добри вести”.

Тој со американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, разговарал за „начините за зајакнување на украинските способности”.

Резников посочи оти „добри вести ќе објави наскоро”, но, не даде никакви дополнителни детали.

Украинскиот министер напиша дека украинската војска „ќе продолжи да го користи оружјето со цел да ги ослободи” териториите што се под контрола на руските сили.