Свет

Реда Крикет осуден на дваесет и четири години затвор поради планирање на терористички напад пред Евро 2016

Реда Крикет е осуден на дваесет и четири години затвор поради планирање на терористички напад пред Европското првенство во фудбал во 2016. Нападот беше спречен во март 2016 година со заплена на воен арсенал во стан во регионот на Париз.

-Мојата намера не беше да убијам луѓе, уверуваше Реда Крикет пред судот во Париз.

Во вторникот, Националното обвинителство за борба против тероризам (ПНАТ) побара доживотен затвор.

По седум часа одлучување, петмината судии ги осудија на иста казна затвор од дваесет и четири години, двајцата негови соработници Анис Бахри и Абдерахмане Амеуруд

На 24 март 2016 година, два дена по нападите во Брисел, полицијата заплени во стан во Аржентеј (Вал-д’Оиз), изнајмен под лажно име од летото 2015 година од страна на Реда Крикет, оружје, вклучително и пет автомастки пушки, муниција, експлозив.

Анис Бахри беше уапсен во Ротердам и Абдерахмане Амеуруд во Брисел.

На уште четворица други лица им се судеше од 8 март во истиот случај, обвинети за логистичка поддршка. Судот ослободи двајца од нив додека другите двајца беа осудени на осум и дванаесет години затвор.

AniWatch watch anime: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 11 (https://aniwatch.pro/m/al8A/ep-11)

WCOStream watch anime free: Hunter x Hunter (Dub) (https://wcostream.cc/m/dezr) Episode 148