January 16, 2021 21:45
Балкан

Регистриран нов потрес во Хрватска

Денеска во 13.47 часот, подрачјето околу Глина во Хрватска повторно се стресе од нов земјотрес.

Епоред ЕМСЦ, потресот е во магнитуда од 3,2 степени според Рихтер, а бил на 16 километри југозападно од Сисак.

Истото подрачје синоќа по полноќ го потресе земјотрес со интензитет од 3,9 степени.

На 29 декември 2020 година градот Петриње беше речиси целосно разурнат од катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,2 степена, во кој загинаа најмалку седум лица, а повеќемина беа повредени.