January 22, 2022 21:41
Свет

Регионална директорка на УНФПА: Финансиските стимулации за раѓање деца не се доволни

Европското население брзо старее, а финансиските мерки за поттикнување на раѓање деца не ги даваат очекуваните резултати, нагласи регионалната директорка на Фондот за население на ОН (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија, Алана Армитаж, додавајќи дека на демографски промени треба да се одгов ори со сеопфатни политики што се занимаваат со социјални, економски, политички фактори.

„Европа е во сред демографска транзиција со далекусежни последици”, рече Армитаж, истакнувајќи дека промените не треба да се гледаат како криза, туку како „можност да се изгради поинклузивно, разновидно и, на крајот, посилно и попросперитетно општества”.

Во авторски текст објавен на веб-страницата на регионалната канцеларија на УНФПА, Армитаж наведува дека денес секој четврти Европеец е постар од 60 години и дека до 2050 година повеќе од една третина од европската популација ќе биде во таа возрасна група.

„Некои популации почнаа да се намалуваат. Ова најмногу се случува во Централна и Источна Европа, каде стапките на фертилитет се особено ниски, многумина ја напуштаат земјата поради работа, а владите не можат или не сакаат да привлечат мигранти”, рече Армитаж.

Иако овие демографски промени често се претставени како криза, Армитаж наведува дека основните фактори кои ги поттикнуваат на многу начини се „причини за славење”.

„Населението старее бидејќи луѓето се поздрави и живеат подолго. Стапките на плодност се пониски бидејќи, меѓу другото, жените имаат повеќе гласачки права, повеќе избори и можности. Населението се намалува на некои места бидејќи луѓето имаат поголема слобода да избираат каде ќе сакаат да живеат и да работат”.

Сепак, додаде таа, справувањето со последиците од демографските промени не е лесно.

Се помалку и помалку работоспособни луѓе треба да се обезбедат од се повеќе постари луѓе, социјалните системи се под огромен притисок, а одржувањето на инфраструктурата и услугите во ретко населените рурални области ста ува скапо. Потребни се решенија за овие предизвици, наведува Армитаж, додавајќи дека постои се поголем консензус за тоа што функционира во справувањето со последиците од демографските промени, а што не.

„Најголемиот фокус, особено во Источна Европа, е на зголемување на стапката на фертилитет, а владите се обидуваат да ги охрабрат луѓето да имаат повеќе деца со финансиски стимулации. Доказите што ги имаме сугерираат дека тоа не функционира многу добро”.

Таквите мерки може привремено да доведат до зголемување на наталитетот, но бројот на деца што ги раѓаат жените „едвај се менува”, а и таму каде што се зголемува стапката на фертилитет, промената е мала.

„Ниту една земја во Европа, дури ни оние кои трошат најголем процент од БДП за семејна поддршка, не се ни блиску до стапката што би обезбедила стабилизација на населението, а камоли негов раст”.

Таа посочи дека тоа не значи дека поддршката за семејствата не е добра, туку, напротив, од суштинско значење се паметните мерки кои им олеснуваат на младите да основаат семејство за да им овозможат да имаат деца колку што сакаат.

Ова бара да се отстранат многу од пречките со кои се соочуваат луѓето кога одлучуваат дали да имаат деца, рече Армитаж, наведувајќи ја економската несигурност, високите цени на становите, неплодноста, недостатокот на прифатлива грижа за децата и очекувањата од жените да ги жртвуваат своите кариери.

„Она што функционира во справувањето со демографските промени е да се состави сеопфатен пакет на политики насочени кон луѓето и базирани на докази кои се однесуваат на многуте социјални, економски, политички и културни фактори кои влијаат на одлуките и изборот на луѓето за нивните животи и иднина”.

Ако се направи правилно, додаде таа, демографските промени би можеле да отворат можности за иновации кои ќе овозможат попросперитетна иднина.

stream anime online. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

anime streaming Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

GoGoAnime Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone Episode 11

watch anime dub Hunter x Hunter (2011)

watch anime online Attack on Titan Final Season (Dub)

watch subbed anime GoGoAnime My Hero Academia Season 2