December 9, 2022 22:44
Спорт

Регионалната боксерска лига во новата сезона со десет клубови

Вкупно десет боксерски екипи, вклучувајќи го и скопски Вардар, ќе учествуваат во новата сезона во регионалната лига составена од тимови од земјите од поранешна Југославија, соопштија денеска организаторите.

Регионалната лига во бокс беше формирана минатата сезона со осум екипи во премиерното издание.

Во сезоната 2022/23, според нов формат, ќе се натпреваруваат Вардар, Раднички Белград, Нови Пазар, Сомбор, Лозница, Никшиќ, Славија од Бања Лука, Задар, Марибор и Железничар.

Првото коло ќе стартува во Бања Лука на 1 октомври, а паровите ќе бидат дополнително утврдени.

Минатата сезона титулата ја освои Црвена ѕвезда совладувајќи ја во финалето во Скопје екипата на Лозница.