August 13, 2022 18:29
Македонија

Регионален форум: Владите од регионот немаа слух за младите за време на пандемијата

– Владите од регионот немаа слух за предизвиците со кои се соочуваа младите за време на пандемијата со Ковид-19. Ова е заклучокот од денешниот регионалниот форум „Ефикасноста и отпорноста на младите за време на пандемијата КОВИД-19: Денешна перспектива во Западен Балкан”, организиран од неколку невладини организации.

-Очигледно дека владите во регионот потфрлија во текот на КОВИД 19 кризата, нивниот првичен фокус беше како да ги ублажат шетате во бизнисот и економијата, а не да ги слушнат предизвиците со кои се соочија младите и да обезбедат решенија за нив. Кај нас пред пандемијата се усвои Законот за младинско учество и младински политики, а една од неговите цели е да го подобри младинското учество и генерално животот на младите на локално ниво. Но, за жал сме сведоци дека недостатокот на казнени одредби за неговото неспроведување од страна на општините и одговорните институции, го прави уште едно парче хартија во која силно веруваа младите, изјави Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.

Форумот е организиран во рамките на регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза” спроведуван од Партнерс Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Фондација за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States и УСАИД.