February 27, 2020 14:21
Хроника

Ребека: Пиромани ни ги запалија автомобилите

По веста дека вчера биле запалени автомобилите на пејачките Ребека Јанковска и Сузана Турунџиева, Ребека во изјава за „Слободен печат“ вели дека прво бил запален автомобилот на Сузана, по што пожарот ја зафатил и нејзината кола.

-Сузе го купи автомобилот пред месец дена. Нова кола цела и изгоре. Мојата кола е опожарена до половина. Од полиција ни кажаа дека во последниот период 7-8 автомобили се запалени на паркинзи, дека најверојатно станува збор за пиромани-  изјави Ребека.

Ова се случило кај Веро во Тафталиџе на паркингот од зградата каде што живеат двете пејачки.

Пејачката Сузана Турунџиева во телефонска изјава за ТВ 24 рекла дека не знае како дошло до пожарот, дали е подметнат, од кого, и кои се мотивите, а нагласува дека таа нема долгови кон никого.