October 16, 2021 11:06
Спорт

Реал со „петарда“ го отвори реновираниот „Бернабеу“

Фудбалерите на Селта почнаа одлично, двапати беа во водство, но со тоа само ги налутија колегите од Реал Мадрид, кои во второто полувреме уфрлија во петта брзина и на крајот ги прегазија со 5-2.

Творец на триумфот беше Карим Бензема, кој постигна три погодоци и тоа првите два за изедначување на 1-1 и на 2-2, а третиот за потврда на конечниот резултат. Мина и Черви во првото полувреме го носеа водството за гостите, а Винисиус Жуниор со четвртиот погодок сезонава го донесе првото водство за „кралот“. Деби од соништата имаше и Едуардо Камавинга, кој влезе во игра во 66. минута, а веќе шест минути подоцна го постигна и првиот погодок во дресот на клубот од престолнината.

Со овој триумф, Реал Мадрид, барем привремено, се искачи на врвот од табелата со 10 бодови, колку што во моментов имаат Валенсија и Атлетико Мадрид.

 

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- The Frozen Bond Episode Full

Animepahe Watch anime online, English anime online HD

Watch anime online for free at AnimeFLV anime online

Disqus: https://disqus.com/by/animeflixnl/

Linkhay: https://linkhay.com/u/animeflixnl