October 30, 2020 18:11
Спорт

Реал Сосиедад ќе го пушти Љоренте да се пресели во Лидс

Дефанзивецот на шпанскиот фудбалски ла-лигаш Реал Сосиедад, Диего Љоренте, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата. Шпанскиот клуб објави договор со Лидс за трансфер на 27-годишниот Шпанец.

Минатата сезона во Ла Лига, Љоренте одигра 29 натпревари на кои постигна еден гол и напарв и две асистенции.

Во Лидс, Љоренте ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец Езѓијан Алиоски.