November 29, 2022 06:45
Спорт

Реал првпат сезонава не победи, Бензема не реализира пенал

Актуелен европски и шпански фудбалски првак, Реал Мадрид ја прекина низата од девет победи од стартѕот на сезоната, седум во Ла Лига и два во ЛШ. Победничкиот од на „кралевите“ го запре Осасуна на „Сантјаго Бернабеу“ каде се избори за реми (1:1).

Првата ѕвезда на „кралевите“ Карим Бензема, кој според сите најави ќе биде освојувачот на „златната топка“, вечерва беше трагичар откако не реализира пенал во 79-та минута од мечот кога неговиот удар од белата точка заврши во пречката, а две минути потоа ВАР му поништи гол од офсајд, па Реал Мадрид не го искористи моментот од 18-на минути со фудбалер повеќе да ја продолжи победничката серија.

Винисиус Жуниор даде гол за водство во 42-та минута, но Осасуна ги шокираше шампионите со гол на Кике Гарсија, па завршницата беше возбудлива откако гостите од Памплона останаа со десетмина по исклучувањето на Унај Гарсија.

Реал сега има исто бодовно салдо како и Барселона во Ла Лига, по 19 бода, додека Осасуна дојде до својот 13-ти бод и е на шестото место на табелата.