Спорт

Реал Мадрид ја победи Барселона и го стаса градскиот ривал Атлетико на врвот макар на еден ден

Реал Мадрид победи во вечерашното големо фудбалско дерби од 30. коло во шпанската Ла Лига, „Ел Класико“ против Барселона со 2-1. За Реал ова беше трета победа во низа на популарното „Ел Класико“ , што се нема случено од 1978 година. „Кралевите“ ја прекинаа серијата на Барселона од 19 натпревари без пораз во Ла Лига.

Со овои три бода од дербито Реал Мадрид времно е лидер. Влог во ова дерби беше отворање на патот кон титулата. Реал ја минаа Барселона на табелата од која име еден бод повеќе и го дели првото место со градскиот ривал Атлетико Мадрид кој пак утре треба да го одигра својот натпревар на гости кај Бетис.

Реал со погодоците на Карим Бензема и Тони Крос ја најави победата на својот алтернативен стадион „Алфредо ди Стефано“ уште во првото поливреме. Барса не се предаде па преку младиот Оскар Мингеза се врати во игра на половина час пред крајот на натпреаврот но не ги искористи да го избегне поразот. Проблеми на фудбалерите им создаваше обилниот дожд што паѓаше во Мадрид. Во битката за секоја топка Каземиро доби црвен картон во 90. минута, правејќи фаул за слободен удар на дваесетина метри од голот, но шутот на Меси под гредата го одбрани Куртоа. Вистинска драма се случи во 94. минута, кога Барса дојде до зицер-ситуација, но ударот заврши само во гредата и отиде последната шанса да се избегне поразот.

AnimeTV animetv kimetsu no yaiba: Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 105

AnimeHeaven arifureta anime heaven: Watch A Silent Voice Episode Full