January 21, 2022 01:42
Спорт

Реал Мадрид повторно се задолжи за довршување на „Сантијаго Бернабеу”

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе го зголеми своето кредитно задолжување кај JP Morgan и Bank of America за дополнителни 275 милиони евра за да ги доврши градежните работи на својот стадион „Сантијаго Бернабеу”.

Реал со првичниот износ, договорен во 2019 година, се задолжи 575 милиони евра, а кредитот сега достигна вкупно 800 милиони евра со камата под два отсто.

Парите ќе му овозможат на мадридскиот клуб да изгради најмодерен хибриден терен, кој ќе може да се спушта под земјата, во своевиден стакленик длабок 24 метри.

Целта на архитектонското решение е теренот да може да се користи за повеќе намени со цел да се остварат доплнителни приходи, без притоа да се оштетува тревната површина.

Претседателот Флорентино Перез изјавни пред клупското собрание дека тоа е единствено решение кое го пронашол клубот за да се зачува теренот, а стадионот да може да се трансформира од фудбалско место во целогодишен центар на настани и атракции.

– Стадионот „Сантијаго Бернабеу” ќе биде архитектонско чудо и меѓународен авангарден симбол, кој ќе стане едно од најатрактивните места во Мадрид и Европа, порача Перез.

Се очекува проектот да ги зголеми приходите на клубот само од изнајмување од сегашните 150 на 400 милиони евра.

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

free anime ANIMEFLIX Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

ANIMEFLIX Tokyo Revengers (Dub)

Josee, the Tiger and the Fish Episode Full

anime streaming Naruto: Shippuden (Dub)