June 28, 2022 01:54
Скопје

Реализирани активности на ЈП Улици и патишта Скопје во работната пролетна акција во општина Ѓорче Петров

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во рамките на големата пролетна акција во општина Ѓорче Петров ги санираа оштетувањата на улиците Ѓорче Петров, Волковска, Лепенец, Воин Драшковиќ, Кичевска, Алексо Демкниевски, Шарпланинска и Пекљане, како и на крстосниците ул.Ѓорче Петров со улица Вера Циривири и улица Ѓорче Петров со улица Никола Вукмировиќ во вкупна површина од 150 метри квадратни. На улиците Лука Геров и улица Пекљане санирани се оштетените пешачки патеки, односно бехатон плочите во вкупна површина од 35 метри квадратни.

Екипите што ја одржуваат сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници ги заменија оштетените сенила на семафорите и тоа на крстосниците на улица Ѓорче Петров со улица Исаја Мажовски и со улица Македонски Војски, улица Сремски Фронт и на крстосницата со улица Атанас Иљовски, како и на крстосниците на улица Ѓорче Петров со улица Кузман Шапкаров, к-ца ул.Ѓорче Петров со влез во Сарај и на крстосницата улица Лука Геров со улица Николај Островски.

Со ноќното обележување обележани се такси станици и автобуски станици на подрачје на општина Ѓорче Петров и обновена е хоризонталната сигнализација.Обележани се четрири такси станици и осум автобуски станици и тоа на булеварот Партизански Одреди, улица Радушка и на улица Ѓорче Петров кај пазарчето и кај СП Планет.

По налог на Град Скопје екипите продолжуваат со извршување на наредните активности на улиците и булеварите во општина Сарај кои се предвидени за работа во рамките на пролетната работна акција.

diễn đàn go88 go88 nổ hũ apk go88

sunwin kid tại sunwin cho android SunWin - Game đổi thưởng hấp dẫn uy tín hàng đầu