July 21, 2019 02:55
Култура

Реализирани активности во рамките на Европската година на културното наследство 2008

Со oдлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, 2018 година беше прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на оваа eвропска иницијатива беше да го промовира значењето на eвропското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности.

Европска година на културното наследство покри четири клучни теми што се однесуваат на културното наследство и тоа: вклученост, одржливост, зачувување и иновација. Преку овие теми, во земјите членки на Европската Унија оваа година беа спроведени преку 11 500 настани и проекти на европско, национално, регионално и локално ниво, инволвирајќи 6.2 милиони жители на Европската Унија, особено деца и млади, со цел зајакнување на нивното знаење за културното наследство, но и за припадноста во поширокото eвропско семејство.
Иако Република Македонија сè уште не е полноправна членка на Европската Унија и немаше обврска да ја спроведе одлуката на европските институции за спроведување на оваа целогодишна манифестација, сепак Управата за заштита на културното наследство се приклучи со повеќе активности.

Оттука, стручни лица од Управата заштита на културното наследство изготвија национална програма на активности со кои и Република Македонија им се приклучи на земјите членки на Европската Унија во прославувањето на вредностите и на македонското културно наследство како дел од европското. Во таа насока, во кампањата што ја водеше Управата, беа вклучени проекти и активности за популаризација на нашето, но европско културно наследство, негово приближување до пошироката јавност преку јавни презентации, промоции и едукативни настани за децата и младите, стручни настани (работилници, обуки) за вработените во институциите за заштита на културното наследство, но и за граѓанскиот сектор и локалните заедници.

Оваа програма на активности за одбележување на Европската година на културното наследство, беше спроведена под слоганот ,,Нашето наследство – Европска вредност!“ и мотото ,,Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“ .

Во рамките на оваа програма беа спроведени вкупно 19 активности, од кои 15 беа спроведени во Македонија, додека 4 беа реализирани во делот на меѓународни активности.

Нови вести

Златна арена за најдобра режија за Теона Стругар Митевска

Igor

На „Охридско лето“ изложба на фотографии „Кина во моите очи“

Valentina

Концерт на „Бјонко и Балканбит бенд” од Данска на „Скопско лето”

Valentina