Македонија

Реакција на техничката министерка Невенка Стаменковска Стојковски

СДС својата кампања може слободно да ја преименува од „можеме” во „вработуваме”.

Сопственото членство не можете да го убедите и затоа ви се потребни лажни анкети.

Друштвото е несоодветно за Радмила која милува седенки со “прогресивни” ликови, средбите со обични луѓе за неа е потценување ама стравот од одговорност за сите злоупотреби сторени во изминативе 3 години е посилен од гордоста и ќе мора лично да ветува вработувања кои се разбира не претставуваат партизација на администрацијата, само уште една жртва кон “европска” Македонија!

Не ви поминуваат лагите и веќе никој не ви верува.

Оставете луѓето слободно да се определат на избори, притисоците, поткупот и заканите се казниви и ќе одговарате еден ден.

Пријавете секаков притисок и закана, да ставиме крај на заевизмот и никогаш да не и се повторат на Македонија ликови како Радмила Шеќеринска и Никола Димитров.

Функциите и институциите не смеете да ги користите за партиски двојки кои ќе заплашуваат и ќе се закануваат на вработени за да не го остварат своето гласачко право.

Згрозена сум од вашите методи на практикување власт и начин на спасување на малкумина во врвот на сдс и затоа уште утре ќе поднесам пријава до МВР за итно да се превземат соодветни мерки за да се спречи насилството кое го барате од вашите функционери и активисти!

AnimeTV chiang anime tv: Dragon Ball (Dub) (https://animetv.cc/m/KKX) Episode 153

ANIMEFLIX animeflix i want to eat your pancreas: Watch So I'm a Spider, So What? Episode 8