June 14, 2021 08:14
Македонија

Реакција на МО за блокадата од ВМРО ДПМНЕ со 2000 амандмани на измените на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија

Бројот на поднесени 2 000 амандмани од ВМРО ДПМНЕ на измените на Законот за служба во Армијата кој има само 15 члена, покажува дека единствената намера е токму блокирање на Законот, а со тоа и блокирање на неколку одлични решенија за Армијата на кои чекаат многу нејзини припадници и нивните семејства. Имено, ВМРО ДПМНЕ со 2 000 амандмани ја блокира шансата за отпремнина од 1000 евра за секоја година помината на служба во Армијата на војниците со навршени 45 години возраст. Тоа е блокада на можноста за војниците по завршувањето на службата, да добијат отпремнина од околу 25 000 евра, што за прв пат ја предвидуваат овие измени на Законот. Тоа е блокада за новиот почеток на оваа категорија припадници на Армијата, кој тие и нивните семејства со нетрпение го очекуваа. Потегот на ВМРО ДПМНЕ значи блокада и на подобрите услови на пензионирање за воените лица, на кои тие 11 години не помислија туку ги испраќаа во предвремена пензија под најнедостоинствени услови, како и блокада за можноста за стипендирање на дефицитарни кадри кои ќе значат многу за капацитетите на Армијата и ќе ја градат нејзината иднина. 2 000 амандмани значат јавно признание на ВМРО ДПМНЕ дека стои зад злоупотребата и партизацијата на Армијата, бидејќи блокираат законско решение со кое ставаме крај на злоупотребата на позицијата воено лице во партиски цели. Ги повикуваме ВМРО ДМНЕ да не им ги одземаат шансите на војниците и идните воени пензионери кои со нетрпение ги чекаат измените на Законот кој им носи само поволности, и да не се противат на можноста за јакнење и политичка неутралност на Армијата.

 Армијата не заслужува блокади од партиски интерес.

ANIMEFLIX animeflix black butler: Watch My Hero Academia 2 Episode 14 (https://animeflix.nl/m/VPkM/ep-14)

GoGoAnime gogoanime anime list: Watch Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 5 (https://gogoanime.be/m/paPm/ep-5)