Македонија

Реакција на МОН: Нови и модерни учебници ќе има, но не и провизии за печатење како во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ конечно признава дека ја поддржува дигитализацијата и не треба да се грижи дали МОН нема капацитети истата да ја спроведе. Подготовката на новата програма, материјалите и како и сите потребни капацитети се одвиваат со потребната динамика и сé ќе биде подготвено за почетокот на следната учебна година.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ барајќи целосно нови печатени учебници и понатаму се обидува да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи, наспроти квалитетните и модерни материјали кои што ги нуди новото законско решение и е во најдобар интерес на учениците. Нови, современи и достапни за секого учебници ќе има, а дигитализирањето на дидактичките материјали ќе значи само унапредување на наставата и осовремeнување на начинот на учење, овозможувајќи им на новите генерации квалитетно образование.

Во интерес на објективно и точно информирање на граѓаните, родителите, учениците и наставниците известуваме дека новото законско решение предвидува комбиниран модел на примена на учебници и други наставни и дидактички материјали. Ниту еден ученик нема да биде исклучен од наставата, а учениците од прво до трето одделение ќе добиваат печатени учебници, додека за учениците од четврто и погорните одделенија приоритетна опција се дигиталните учебници и условите за употреба на истите ќе му бидат овозможени секому. Она што ќе го нема, се милионските тендери за печатење на учебници од кои дебело со години се офајдуваше ВМРО-ДПМНЕ.

Со новиот закон за првпат е обезбеден пристап до учебниците кои ученикот треба да ги користи. Па така, за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди и/или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. За прв пат, се обезбедуваат и учебници во аудио формат, а воедно се печатат и учебници на Брајово писмо.

Со новиот Закон се става крај на неквалитетните учебници кои уништуваа генерации ученици, учебници кои беа полни со дискриминаторски содржини, стереотипи, говор на омраза и поделби и тој не смее да биде причина за бојкот на наставата.

Учениците и родителите да ги следат официјалните канали на комуникација на Министерството за образование и наука и останатите надлежни информации кои секојдневно транспарентно ја информираат јавноста за Законот за учебници.

Владата, надлежните институции остануваат посветени на создавање на современ образовен систем каде ученикот ќе биде ставен на прво место.

AnimeHeaven anime in heaven: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 2

ANIMEFLIX anime online: Watch Black Clover (Dub) Episode 31 (https://animeflix.nl/m/j5lD/ep-31)