June 25, 2022 23:28
Економија Македонија

РБСМ воведе нова кредитна линија за енергетска ефикаснос и обновливи извори на енергија

Развојната банка започна со реализација на Кредитна линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички наменета за обезбедување на средства за инвестиции за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на микро, мали и средни трговски друштва, ТП и занаетчии.

Износот на средствата за реализација на оваа кредитна линија е 10 милиони евра.

Намената на кредитната линија е за поддршка на проекти за Енергетската ефикасност ЕЕ – Максимална вредност на проектот е 30.750.000 денари со рок на отплата до 8 години со вклучен грејс период до 12 месеци и за Обновливи извори на енергија (ОИЕ) – Максимална вредност на проектот е 49.200.000 денари со рок на отплата до 12 години со вклучен грејс период до 24 месеци.

И во двата случаја РБСМ ќе кредитира до 60% од износот на проектот, додека останатите минимум 40% ќе се кредитираат од останати извори како кредит од банката учесник или сопствени средства на инвеститорот (градежи, опрема, обртни средства, готовина и сл.)

Каматна стапка за крајните корисници е 1,6% годишно.

Заинтересираните компании можат да поднесат барање за користење на средства од кредитната линија до 9 (девет) банки учеснички и тоа: Шпаркасе Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола, Стопанска Банка АД Скопје, Уни Банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје, Силк Роад Банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и ПроКредит Банка АД Скопје.

go88 pc go88 nemo vin cách nạp tiền go88 bằng internet banking

sunwin máy tính