October 1, 2020 08:35
Спорт

Рајола откри каде ќе игра Балотели

Познатиот фудбалски агент Мино Раиола откри каде ќе ја продолжи кариерата Марио Балотели. Италијанскиот агент рече дека секогаш има решение за напаѓачот и рече дека поранешниот италијански репрезентативец ќе продолжи да се натпреварува во Европа.

– Секогаш имам решение за Марио. Тој е еден од најголемите италијански напаѓачи. Не сум загрижен за него. Балотели ќе остане во Европа, рече Рајола.

Скандалозниот напаѓач ја напушти Бреша по една сезона, откако му беше раскинат договорот.