December 7, 2022 20:52
Македонија

Рашиди: Алијанса за Албанците продолжува да дејствува како опозиција

Алијанса за Албанците продолжува да дејствува како опозиција. Во партијата не е разговарано за можно влегување во Влада, ако било што се добие како понуда, мора органите на партијата да расправаат и да го разгледаат. Се додека нема такво нешто чисто е шпекулација,  рече денеска на прес-конференција во Собранието, пратеникот од Алијанса за Албанците Сурија Рашиди.

Прашан дали АА би влегле во Владата, Рашиди, рече дека тој такви информации нема и тоа што може да го каже во овој момент е дека тоа се само шпекулации.

–  Алијансата за Албанците продолжува да дејствува како опозиција. Во моментот сме ангажирани на структурирање на партијата секаде каде што живеат наши гласачи. Тоа е најбитно засега, изјави Рашиди.

Тој на прес-конференцијата обвини дека „вицепремиерот Артан Груби и директорот на Јајното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми го дале тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 на Конзорциумот ИГХ од Загреб, во сопственост на руски олигарси блиски до Владимир Путин и руската ФСБ, но договорот  за среќа пропаднал бидејќи Институтот ИГХ не ја депонирал навреме банкарската гаранција предвидено во договорот”.