August 13, 2022 18:23
Хроника

Рација во штипскиот затвор- запленети мобилни, ножеви и дрога

Во координирана акција во затворот во Штип пронајдени се мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи, информираат од Министерството за правда,

-Денеска беше спроведена координирана акција во КПД Штип. Акцијата се реализираше во раните утрински часови од 6 до 9 часот а беше организирана од Управата за извршување на санкции, МВР и ЈО. При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, 5 ножеви, 5 штрафцигери и 23 500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи. Акцијата во КПД Штип е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период. Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба ќе сноси одговорност. Никоја нема да биде поштеден од одговорност. Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави, велат од министерството.

Според МВР, по добиена судска наредба од Основен суд Штип извршени се претреси во 11 ќелии во различни одделенија во КПД Штип кај 39 осудени лица кои се на издржување казна затвор.

При претресите се  пронајдени и одземени: грутчеста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја, мобилни телефони, поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат, ножеви и повеќе други остри предмети, метални шипки и други тврди предмети.

Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на СВР Штип, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.